Свет
2. September 2016 - 9:16

Путин: Русија е подготвена на компромис со Јапонија за Курилските острови

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија е подготвена на компромис со Јапонија за територијалниот спор за Курилските острови, но напомена дека во тоа не е опфатена размена или продажба на островите што се под контрола на Москва, а на кои Токио полага право. 

Овој територијален спор во осумдесетите години од минатиот век ги разниша односите меѓу Русија и Јапонија, потсетува Танјуг. 

- Не зборуваме за никаква размена или продажба. Зборуваме за наоѓање на решение со кое ниту една страна нема да се чувствува поразена, изјави Путин. 

Рускиот претседател денеска ќе се состане со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во рамки на бизнис конференцијата во Владивосток, со цел, меѓу останатото, да разговараат за блиска економска соработка во областа на енергетиката и технологијата.