Полски нуркач го собори рекордот во подводната пештера Врело

Полскиот нуркач Кшиштов Старнавски се спушти на длабочина до 230 метри во подводната пештера Врело на Матка со што го собори досегашниот рекорд од 212 метри.
Старнавски во текот на вчерашниот ден во придружба на својот тим и со логистичка поддршка од страна на нуркачите од клубите „Врело“ и „Акватек“ успеал по повеќе од пет часа да се спушти на оваа длабочина.
- Со 230 метри длабочина го срушивме рекордот. Експедицијата започна со подготовки на теренот - проверка на сите перманентни линии во пештерата и координација на тимот. Пештерата понатаму се гледа дека отвора подлабоко, но тоа го оставаме за следната експедиција, рече Старнавски, изразувајќи надеж дека следната година повторно ќе ја посети пештерата Врело.
Полскиот нуркач нуркаше со специјален систем за подводно пливање со кој нуркачите може значително подолго да се задржат под вода.
Досегашниот рекорд го држеше италјанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 се спушти до 212 метри.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
