Комесар за човекови права од ОН ги обвини Трамп и европските националисти за ширење омраза

Комесарот на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин ги обвини американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и европските националисти и популисти, за ширење омраза и страв.
Хусеин кој зборуваше на конференцијата за безбедност во Хаг, го нарече холандскиот крајно десничарски политичар Герт Вилдерс „демагог и политички фантазер„. За него Хусеин вели дека своето „лицемерие го користи како политичко оружје„ и во редот на таквите политичари ги спомена и Трамп, Британецот Најџел Фараж, лидерот на францускиот Национален фронт Марин ле Пен, но и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На промоцијата на Фондацијата за мир, правда и безбедност, комесарот на ОН за човекови права остро го нападна политичкиот манифест на Вилдерс во кој овој холандски десничар најавува дека долколку победи на парламентарни избори, ќе ги затвори сите џамии во Холандија, ќе го забрани коранот и ќе ги протера сите муслимански имигранти.
Вилдерс зборуваше и на еден од митинзите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, во САД, исто како што пред него зборуваше и Фараж, лидер на заминување на антиевропската и антиимигрантска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).
„Пред една деценија, ваквиот манифест на Вилдерс и неговиот говор пред приврзениците на Републиканската партија на САД, ќе предизвикаше бурна реакција во светската јавност, но сега тоа се пречекува со млака, или безначајна реакција, дури и во самата Холандија„- рече Хусеин во Хаг.
Истражувањата на јавното мислење во оваа земја покажуваат дека доколку сега би имало парламентарни избори, Слободарската партија (ПВВ) на Герт Вилдерс би освоила 37 од вкупно 150 пратенички места. Актуелната владеачка партија на премиерот Марк Руте, би била втора со 23 пратеници.
Комесарот Зеид Раад ал Хусеин е од мешовит брак на мајка Европејка и татко Арапин. Тој смета дека популизмот, демагогијата и омразата што се шири во САД и низ Европа е налик на лагите и демагогијата на џихадистите од Исламска држава (ИД).
„Не ги изедначувам овие политичари со ИД и со она што тие го прават, но ИД ја користи истата „техника„ на полувистини, лаги и омраза за да дејствува и да привлекува истомисленици„- изјавил Хусеин на конференијата во Хаг.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
