-->
-->
Нов спортски центар во Аеродром
-->
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со министерот за финансии, Кирил Миноски, на прес-конференција, во вторникот, најавија изградба на Спортски тениски центар покрај кејот на реката Вардар. Спортскиот центар ќе содржи минимум осум тениски терени со што ќе создадат услови за одржување меѓународни натпревари.
Тенискиот центар ќе се гради преку јавно приватно партнерство согласно Законот за ЈПП. Инвеститорот, покрај тениските терени ќе треба да изгради и компатибилни содржини, како што се игротека, кафе-бар и канцелариски простор.
„Општина Аеродром со изградбата на Спортскиот центар ќе добие уште една спортска содржина, каде ќе доаѓаат афирмирани светски тенисери, а младите ќе имаат можност да вежбаат во соодветни услови за професионален тенис, а некои од нив можеби и ќе прераснат во познати тениски ѕвезди“, изјави градоначалникот Коневски.
Тениските терени треба да бидат изградени најдоцна за 24 месеци, додека, пак, за компатибилните содржини рокот е 36 месеци од потпишување на договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата