Свет
16. September 2016 - 8:44

Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа телефонски разговараа за мировно решение за палестинско-израелскиот судир и евентуална обнова на дијалогот меѓу израелската Влада и Палестинската управа, соопшти денеска Кремљ.

- Страните продолжија да разменуваат мислења за моменталната ситуација на Блискиот Исток и ја разгледаа ситуацијата за мировно решение за палестинско-израелскиот судир, вклучително перспективара за обнова на дијалогот меѓу двете страни, се посочува во соопштението.

Путин и Нетанјаху договорија продолжување на контактите на разчични нивоа.

Кремљ посочува дека разговорот бил на иницијатива на Израел.