Се тресе Балканот, два силни земјотреси денеска

Земјотрес 4,3 степени според Рихтер беше регистриран денеска во средишниот дел на Грција, пренесе ТАСС.
Податоците на Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на 106 километри северно од Атина и 78 километра источно од град Ламија. Тектонската појава се случила на длабочина од 10 километри под површината.
Нема информации за жртви и урнатини.
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер беше регистриран денеска во областа Газијантеп, во јужна Турција, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за справување со непогоди и вонредни состојби.
Епицентарот на потресот бил во градот Нурдаги, на длабочина од 7,26 километри, пренесува БТА. Засега нема информации за повредени, ниту пак, за материјални штети.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
