-->
-->
Металург подготвен за дуелот со Татран Прешов
-->
Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург ја продолжуваат серијата натпревари од СЕХА лигата на домашен терен. По дуелите со Вардар, Веспрем, Мешков Брест во недела во Скопје во „ВИП Арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува првакот на Словачка Татран Прешов.
Тренерот на Металург Лино Червар на денешниот прес истакна:.
- За играшите „таквите“ натпревари се корисни. Така се зајакнува карактерот кога е тешко. Кога е потешко, ние играме подобро и тоа ќе биде позитивно. За победа ќе треба и да корегираме нешто во играта. Да ги намалиме нашите технички грешки и да бидеме поцврсти во одбраната и да ја подобриме транзицијата. За нас е добро дека ние им се доближуваме. Татран е наш ривал и од лигата на шампионите, а има квалитетна надворешна линија. Едноставно нема лесен противник.
Играчот Жарко Пешевски напомена:
- По одиграните три натпревари против најсилните екипи во лигата не очекува нов важен натпревар. За нас е важно дека одигравме досега над своите можности. Татран Прешов е фаворит, но ние ќе се обидеме да се подобриме и да се радуваме.
Во редовите на Металург по дуелот во средата со Мешков Брест на повреди се жалат тројца играчи; Драгаш, Младеновиќ и Велковски и пред натпреварот ќе биде познато, дали ќе можат да му помогнат на тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани