НОВ СКАНДАЛ НА ЌЕРКАТА НА ОБАМА: Американскиот претседател посрамотен како никогаш досега!

Еден од најголемите скандали во владеењето на Обама во последниве осум години му го предизвикала неговата 18-годишна ќерка Малиа.
Имено, повторно е снимена како конзумира марихуана. Фотографирана е на универзитетот Пенсилванија со огромен бонг на масата пред неа.
Малиа моментално зела година дена пауза пред да замине на Харвард 2017.
Во Пенсилванија се забавува на фестивалот Budweiser Made in America. Нејзините пријатели се загрижени поради нејзиното однесување и ја советуваат да се пријави во клиника за одвикнување - пред да биде предоцна.
„Претседателот Обама го изгуби авторитетот над Малиа, таа едноставно не го слуша него и го доведува до незгодни ситуации, посрамувајќи го претседателското семејство“, рекол извор за RadarOnline.
„Малиа не сака да го повреди семејството, но сметам дека татко и е дволичен бидејќи на нејзини години поминувал низ својата луда страна, а сега се однесува како никогаш тоа да не се случило“, изјавил друг извор.
Се чини дека Малиа сака да ги проба сите магии на животот, само се надеваме дека нема да потоне пред товарот на славата.
Ново на Сител
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
