-->
-->
САД „гневни“ поради бомбардирање на хуманитарниот конвој за Сирија
-->
Извештаите за бомбардирање на хуманитарниот конвој во близина на сирискиот град Алепо „пердизвикаа гнев“ кај САД, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон ќе ја преиспита идната соработка со Русија.
- Крајната дестинација на конвојот им беше позната на сирискиот режим и Русија, но и покрај тоа овие хуманитарни работници беа убиени додека се обидувале да му помогнат на сирискиот народ, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.
Тој нагласи дека „САД ова прашање директно ќе и го постави на Русија“.
- Имајќи го предвид постојаното кршење на примирјето, ние ќе ги преиспитаме натамошните перспективи за соработка со Русија, додаде Кирби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик
-
Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП