Хрватска ќе бара од САД и ЕУ заштита на Хрватите во БиХ

Како резултат на последните случувања во Босна и Херцеговина, Хрватска во текот на следните денови ќе реагира на високо ниво до САД и ЕУ, како и преку Советот за имплементација на мирот, со цел да обезбеди заштита на Хрватите во БиХ, објави денеска загрепскиот весник „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извори блиски до хрватскиот политички врв.
Весникот наведува дека хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која се наоѓа во Њујорк каде учествува на 71. заседание на Генералното собрание на ОН, внимателно ги следи случувањата во БиХ и во секоја прилика нагласува дека меѓу останатото приоритет на Загреб е „да и укаже на меѓунардоната заедница на положбата на боснаските Хрвати“.
Според актулениот советник на Грабар-Китаровиќ и поранешен хрватски министер за надворени работи Мате Граниќ, Хрватска има легитимно право да се бори за рамноправноста на Хрватите во БиХ.
- Во овој момент во БиХ се случуваат повеќе значајни процеси, Од една страна е најавата за референдум во Република Српска, чие одржување го осуди меѓунароната заедница, а од друга страна Брисел инсистира БиХ да го започне процесот на преговори за членство во ЕУ, изјави Граниќ.
Според него, во такви услови кога се решава иднината на БиХ, за Хрватите од особена важност е прашањето за нивната рамноправна положба во земјата.
- Станува збор за проблемот со надгласување на Хрватите кои не можат да го остварат она што е суштина и нивно право со Дејтонскиот договор, а пред се конститутивноста и рамноправноста во БиХ. Сосема е сигирно дека положбата на Хрватите во БиХ, но и самата БиХ ќе бидат најзначаен предмет на интерес на хрватската претседателка, а цврсто верувам и на новата хрватска Влада, изјави Граниќ.
Тој оценува дека со доаѓањето на сопартиецот на Грабар-Китаровиќ, лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ на местото премиер на Хрватска, се создаваат услови Загреб да има „една и единствена државна политика кон БиХ“.
- Тоа е сосема нов квалитет. Тоа не беше случај досега и затоа е значајна идната синергија меѓу претседателката и премиерот, нагласува Граниќ.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
