-->
-->
По 16-ти пат манифестација „Денови на мед" во Куманово
-->
На градскиот плоштад во Куманово денеска по 16-ти пат беше отворена манифестацијата „Денови на мед“ која ја организира здружението на пчелари „Пчела“ од Куманово.
На манифестацијата учествуваа десетина производители на мед од Куманово и соседните градови. Кумановци наредните два дена ќе имаат можност да се снабдат со мед, и други пчелни производи како што се прополис, матичен млеч, мед во саќе по пристапни саемски цени.
Часлав Ристовски претседател на здружението „Пчела“ информираше дека годинава производителите произвеле незначителна количина мед. Временските услови неповолно влијаеа врз производството на мед, велат пчеларите.
- Куманово важи за пчеларски град, неофицијално има околу 200 пчелари, но, во здруежнието активни се 60 членови. Нашиот мед е навистина квалитетен, еве сега има 20-тина органски производители на мед, изјави Ристовски.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски кој нагласи дека здружението кое има децениска традиција е препознатливо во градот и дека преку оваа манифестација се промовира органска храна.
Милорад Арсовски, кој 40 години е пчелар, вели дека годинава тој и останатите производители ја сметаа за една од полошите години во однос на производството на мед. Според него, сушата е причина за намалување на производството. На саемската манифестација учествуваа и ученици од средното стручно училиште „Киро Бурназ“.
Директорката на училиштето, Весна Трајковска вели дека и тие не се задоволни од годинешното производство на мед, но се надеваат дека идната година ќе соберат поголема количина мед.
Годинава, потрошувачите најмногу бараа ливадски мед. Саемската манифестација вклучува предавања за производителите како и едукација на граѓаните за препознавање на вистинскиот мед и неговите лековити својства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата