-->
-->
Заврши 8.Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“
-->
Со претставата „Не играј на Англичаните“ во изведба на актерите од драмското студио при Националната установа „Центар за култура“, Крива Паланка, синоќа заврши осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски.
Изминатите девет фестивалски вечери настапија театарски групи и продукции од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, а годинашната програма ја затворија домаќините.
- Прекрасно е да се види дека салата е исполнета до последно место, а така беше и за време на целиот фестивал. Јас како иницијатор за основање на фестивалот цврсто верував дека ќе создадеме навика кај граѓаните за посета на настаните од културата, што се испостави дека е така, и се радувам што паланчани со нетрпение ги очекуваат и уживаат во театарските збиднувања, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Според Алексовски, токму фестивалот им дал поттик на младите ентузијасти актери-аматери да се посветат на оваа уметност и да бидат дел до фестивалот.
Режисерот на претставата, Глигор Цветковски, рече дека „Не играј на Англичаните“ на Владимир Ѓурѓевиќ е адаптирана на кривопаланечки дијалект, прилагодена на публиката, а според него, реакциите и приемот биле одлични.
- Благодарни сме што во плејадата реномирани тетари кои настапија годинава, како и по над педесет претстави кои досега биле одиграни на фестивалот од основањето до денес, и ние имавме чест да учествуваме и да бидеме дел до нашиот фестивал кој со своето постоење мотивира да продолжиме со засилено темпо да работиме во иднина, рече Цветковски.
Улогите ги толкуваа Александар Ристовски, Кристијан Цековски и Кристијан Алексовски. Како плод на соработката остварена на фестивалот, актерската екипа ќе настапи во Дупница, Република Бугарија.
По завршувањето на претставата пред НУ Центар за култура, Кр.Паланка беше спуштено фестивалското знаме, со што официјално се означи и крајот на годинашниот Меѓународен театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски. Покровител на фестивалот е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците