-->
-->
Двајца штитеници ги напуштиле домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“
-->
Четиринаесет годишен штитеник на домот „25 Мај“ и 17 годишна штитеничка на ЈУ „Ранка Милановиќ“ вчера се оддалечиле од домовите во непознат правец.
Како што соопшти денеска МВР, вчера во 17:30 часот во Полициската станица во Чаир, вработена во „Дом 25-ти Мај“, пријавила дека на 20 овој месец околу 14 часот 14 годишно лице се оддалечило од Домот во непознат правец.
Во полициската станица Гази Баба, пак, вчера во 15 часот вработена како социјален работник во „Ранка Милановиќ“, пријавила дека на 16 овој месец во 14 часот, 17 годишна штитеничка, самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец. Причината за оддалечувањето е непозната.
СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на двете лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе