Грабар Китаровиќ денеска ги почнува консултациите за ново парламентарно мнозинство во Хрватска
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска на пладне ги почнува консултациите со пратениците и лидерите на партиите за мандатар за составување на новата хрватска Влада, по вонредните парламентарни избори од 11 септември, јавува Танјуг.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, таа прво ќе ги прими осумината пратеници од националните малцинства.
Консултациите на Пантовчак следат откако во понеделникот беа објавени официјалните резултати од изборите, а според Уставот хрватската претседателка мандатот за составување влада му го доверува на лицето кое, врз основа на распределбата на застапничките места во Саборот и извршените консултации, ужива доверба од мнозинството од сите пратеници.
За добивање на мандатот е потребна поддршката од најмалку 76 пратеници.
Најблиску до оваа бројка е шефот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, бидејќи неговата партија на изборите оствари релативна победа, освојувајќи, сама или со партнерите, 61 од 151 застапнички места, па за составување парламентарно мнозинство преговара со Мост, кој на изборите освои 13 мандати, како и со осумината застапници на националните малцинстав.
Претставниците на Мост ќе ги предводи шефот на партијата, Божо Петров.
Зоран Милановиќ, кој поднесе оставка на челната функција во СДП, како што пренесуваат хрватските медиуми, нема да се појави на консултациите со претседателката, а партијата ќе ја претставува потпретседателката Миланка Опачиќ.
Партиите кои на изборите се појавија во рамки на Народната коалиција, собрани околу СДП, претседателската ќе ги прими посебно.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција