Претседателот Иванов се сретна со словенечката министерка за одбрана Катиќ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја прими словенечката министерка за одбрана Андреја Катиќ, која престојува во официјална посета на Република Македонија.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство од севкупните билатерални односи меѓу двете земји, поздравувајќи ги напорите за проширување на билатералната соработка на полето на одбраната, како и јакнењето на меѓуармиската соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија.
Македонскиот претседател изразил благодарност од досегашната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија во однос на македонските аспирации за членство во НАТО и промовирањето на нашата кандидатура, како и за досегашната принципиелна поддршка во процесот на европската интеграција на Република Македонија.
На средбата биле разменети мислења околу развојот на случувањата во однос на мигрантската и бегалската криза, како и за безбедносните предизвици на земјите од Југоисточна Европа.
Македонскиот претседател изразил задоволство од интензивните контакти помеѓу министерствата, армиите и другите надлежни служби на двете земји, со цел превенција и менаџирање со мигрантската криза и преземање на заеднички мерки во услови на евентуален нов мигрантски бран на Балканската рута. Воедно, претседателот Иванов се заблагодарил за досегашната поддршка од Република Словенија при справувањето со мигрантската криза, како и за присуството на словенечката полиција на македонско-грчката граница.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од соработката во повеќе сегменти на одбраната, размената на искуствата и поддршката во реформите и трансформацијата на одбранбениот сектор согласно барањата од НАТО Алијансата.
Од страна на претседателот Иванов бил искажан интерес за зголемување на учеството на АРМ во операции предводени од ООН преку заедничко учество со Вооружените сили на Република Словенија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Ново на Сител
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
