Правењето ајвар заврши кобно за тројца кавадарачани
Тројца мажи останале без прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на бормашина, јавува Дневник.
Немилите настани се случиле изминативе неколку дена, а вчера сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев.
– Станува збор за три лица кои на нашето одделение беа примени со трауматски ампутации на прсти, повреди настанати при мелење пиперки за ајвар со електрична бормашина. Kако што самите ни објаснија, на сите нив им бил потфатен по еден прст додека дотурале пиперки во машинките за мелење. Притоа им биле откинати врвовите од прстите – изјави Kулев за „Дневник“.
Поради сериозноста на повредата, тројцата средовечни кавадарчани морало да бидат оперирани.
– Бидејќи на пациентите им недостигаше по дел од прстот, пристапивме кон посебна медицинска постапка и обработка на повредениот дел. Мораше на соодветен начин да се третира и сошие местото каде што беше откинат и изгубен врвот од прстот. Во таков случај најпрвин се вади дел од коската на прстот, се оформува повредениот дел и на крајот се шие. Повредените се се уште на нашето одделение, средени и во стабилна состојба – соопшти Kулев.
Ново на Сител
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор