Отворени денови на ФЗОМ

Во сите 30 подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од денеска започнуваат отворени денови за осигурениците.
Осигурениците, како што информира ФЗОМ, директно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување, а воедно и ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Отворените денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува. Осигурениците, воедно, се и активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување.
- Средбите со осигурениците се начин да ја согледаме перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на „тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност за насоки за тоа на што да се обрне поголемо внимание, што треба да се подобри во работењето или да се поедностави како процедура, велат од ФЗОМ.
Фондот ги поканува сите осигуреници, секој четврток од 10:00 до 13:00 часот, да ги посетат подрачните служба и да се обратат за било кое прашање во врска со здравственото осигурување.
Ново на Сител
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
-

Мацинка: Чешка сака да се надмине спорот меѓу Скопје и Софија и подготвена е да помогне
-

Аеродром добива второ основно училиште со целосно организирана едносменска настава
