Стив Џобс не бил отсекогаш примерен татко
Покојниот основач на компанијата „Епл“, Стив Џобс немал толку хармоничен однос со неговата ќерка Лиза Бренан Џобс, како што е прикажано во филмот за неговиот живот.
Џобс ја добил Лиза Никол од врската со неговата другарка од сердно училиште Крисен Бренан, кога имал 23 години. Сепак, Џобс не бил присутен кога таа се родила и ја посети по неколку дена за да и даде име.
Иако новиот компјутер се викаше Лиза (Lisa), тој никогаш не призна дека тоа име го дал по неговата ќерка и тврдеше дека тоа е само акроним за „локална интегрирана системска архитектура“ (ЛИСА).
Тој во почетокот воопшто не ни признавал дека е татко на Лиза, а кога добил потврда со ДНК анализа, тврдел дека тестот е нецелосен. Дури подоцна се извинил поради тоа и ја прифати одговорноста за детето, исплаќајќи и на нејзината мајка по 385 долари месечно согласно судската одлука.
Иако заработуваше милиони, подоцна имаше обврски да плаќа само 500 долари алиментација.
Односот со ќерката го подобрил дури кога таа почнала да оди во средно училиште и тогаш ја поканил да живее во неговата куќа. Таа запишала студии на Харвард и дипломира во 2000 година.
Во интервју по смртта на татко и, Лиза рече дека без оглед на се, сепак му била благодарана.
- Тој не поттикнуваше да ги оствариме своите соништа. Можеби би било премногу за мене да ме натераше да одам по неговите стапки, рече Лиза.
Ново на Сител
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд