Започна Ликовната колонија „Свети Пантелејмон“

На Пониква денеска започна петтото издание на Ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ коешто годинава е дел од меѓународната стопанско-културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
- На падините на Осоговските Планини, на Пониква, творат 14 учесници на возраст од 14 до 18 години, талентирани ученици и студенти по ликовна уметност од Неготино,Скопје, Кавадарци, Кочани, Прилеп и Куманово. До сабота, 15 октомври, тие имаат задача да изработат по две дела во акрилна техника, главно со мотиви од местото каде што престојуваат. В сабота претпладне ќе работат покрај кејот на Кочанска Река, каде што ќе имаат средба и со делегациите-гости на манифестацијата. Очекуваме плодна и успешна работа и убави дела и од ова издание на Ликовната колонија, соопшти Александра Димитрова, под чие менторство се одвива Колонијата.
Делата на младите уметници ќе бидат изложени пред кочанската публика в недела, на 16 октомври, во Паркот на Револуцијата, каде во рамки на „Деновите на кочанскиот ориз“ ќе бидат изложени етноелементи и концерт ќе одржи групата „Љубојна“ со Џамбо Агушев.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
