Дебатна академија за македонските средношколци и студенти

Вкупно 107 средношколци од различни училишта од Македонија и 13 студенти, кои претходно биле дебатери ќе учествуваат на Дебатната академија, која од денеска до сабота ќе се одржува на Универзитетот ФОН во Скопје.
Сара Каевиќ од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието соопшти дека овој проект е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со многу невладини организации во Македонија, меѓу кои е и Младинскиот образовен форум (МОФ).
- Во рамки на проектот, кој е петгодишен, вклучени се сите основни и средни училишта во Македонија и главна цел е да им се овозможи на учениците да постигнат меѓусебна соработка, да се унапреди меѓетничката интеграција и да се постигне кохезија меѓу нив, рече Каевиќ.
Теодора Столевска, координатор на дебатна програма од Младинскиот образовен форум информира дека целта е да им овозможат на средношколците, кои веќе се искусни дебатери и членови на нивните дебатни клубови, да си ги развијат понатаму способностите за дебатирање.
Во рамки на академијата, како што рече, младите ќе се образуваат на повеќе теми- интеграција, човекови права, влијанието на медиумите, разликата меѓу интеграција и дискриминација во нашето општество и како да се справат со тоа.
Столевска појасни дека на академијата има и деца кои преку апликација се имаат пријавено да учествуваат. - Ние ќе им дадеме основни познавања од областа дебата. Ќе се запознаат со тоа што е дебата, како се прават аргументи..., рече Столевска и додаде оти има дебатни клубови во 11 градови во Македонија, во Скопје, Велес, Тетово, Неготино, Прилеп...
Таа истакна дека студентите, кои претходно биле дебатери во средно училиште, ќе им го пренесат своето знаење на идните дебатери. Тие ќе одржуваат предавања, организираат турнири и судат на нив...
Во текот на денот предвидени се теоретски предавања и презентации, а утре ќе има предавања и турнир од мешани тимови, каде ќе се внимава на родова, етничка припадност... Најдобрите дебатери ќе добијат медали и сертификати.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
