Експерти: Сириската Влада извела и трет хемиски напад
Тим на Обединетите нации и на Организацијата за забрана на хемиско оружје утврди дека сириската Влада извела и трет хемиски напад во оваа земја, се наведува во извештајот доставен до Советот за безбедност на ОН.
Во извештајот, доставен доцна синоќа, во кој дел од американските новински агенции имале увид, меѓународниот тим тврди дека постојат „доволно докази“ врз основа на кои може да се заклучи дека сириските сили се одговорни за еден од нападите во Кменас, во провинцијата Идлиб, изведен на 16 март 2015 година.
Тимот експерти наведува дека направа, фрлена од голема височина, „ја погодила земјата и ослободила токсична супстанца која го загрозила населението“, додека очевидци и болнички персонал препознале дека станува збор за мирис и симптоми на хлорин.
Сепак, тимот заклучи дека нема доволно докази да се утврди одговорноста за другите два напади.
Во август, овој меѓународен тим ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за употреба на хлорин во два напада, а Исламска држава за употреба на иперит во еден напад. Тогаш тимот наведе дека уште три напади укажуваат на можна вмешаност на Владата.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора