Мадуро прифати разговори со опозицијата за излез од кризата
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро прифати разговори со опозицијата за надминување на политичката криза во земјата, соопшти Ватикан, по неговата ненајавена посета на Светата Столица и разговорите со папата Франциско.
Во соопштението на Ватикан се вели дека папата ги повикал сите страни во политичкиот процес во Венецуела “да покажат храброст и конструктивен дијалог“.
Првата средба на власта и опозицијата е предвидена за в недела на островот Маргарита.
Медијатори на политичкиот дијалог се Ватикан и земјите членки на регионалналната Унија на јужноамерикански држави (УНАСУР).
Ватиканскиот амбасадор во Аргентина изјави дека средбата на папата со претседателот Мадуро, за Ватикан претставува почеток на дијалогот, став што не го прифатија лидерите на венецуелската опозиција.
Опозицискиот лидер Хесус Тореалба предупреди дека преговорите не може да и послужат на власта за купување време. Друг опзициски лидер, Енрике Каприлес пак порача дека дијалогот не е почнат и дека тој допрва треба да биде отворен.
Венецуелската опозиција го обвинува Мадуро, кој е поранешен возач и синдиален лидер, дека со својата левичарска политика на социјалистичка економија и популизм и со постојано додворување на сиромашните гласачи, предизвикал Венецуела да се најде на работ од банкрот, иако е богата со нафта.
Масовни протести се одржаа во Каракас и низ другите градови во земјата, откако минатата недела државната изборна комисија го запре процесот за собирање потписи за организирање референдум за смена на Мадуро.
Официјаното објаснување е дека „имало случаи на измами“ при собирањето потписи, но опозицијата тврди дека Изборната комисија е само орудие на Мадуро и неговата партија, која ги има под контрола Владата, судството и државната администрација.
Опозиционерите кои го контролраат Парламентот, го обвинуваат Мадуро дека извршил државен удар.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност