ЕУ И Еулекс: Косовските пратеници треба да ги почитуваат судските одлуки

Канцеларијата на ЕУ во Приштина и Мисијата на Унијата во Косово ЕУЛЕКС во заедничко соопштение по повод усвојувањето на Резолуцијата за „заштита на вредностите на борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК)“, од страна на косовското Собрание, денеска наведоа дека „членовите на Парламентот треба да се воздржат од непочитување на судските одлуки“.
- Во демократијата, Парламентот е место за политички дебати за главните прашања од народен интерес. Оваа дебата сепак мора секогаш да го почитува одделувањето на правосудните, извршните и законодавните овластувања, што е основа на демократијата, се наведува во соопштението.
Канцеларијата на ЕУ и ЕУЛЕКС истакнуваат дека „придржувањето на принципот на владеење на правото бара безусловно почитување на судските одлуки и раздвојување на овластувањата“.
Во резолуцијата се наведува дека Собранието се обврзува во период од шест месеци да го усвои „законот за заштита на вредностите на ОВК и нејзината ослободителна борба“.
Резолуцијата е усвоена по дводневната дебата на вонредната седница на Собранието, свикана по потврдената пресуда во случајот „Дреница 2“, во кој поранешни членови на ОВК се осудени на повеќегодишна затворска казна.
Барањето за одржувањето на оваа вонредна седница беше покренато од страна на владејачката Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот претседател Хашим Тачи.
ПДК пред два дена во соопштение наведе дека и натаму „верува во невиноста на борците и во борбата на ОВК“, како и дека целиот процес за случајот „Дреница 2“ бил „обид за негирање на возвишените вредности и казнување на високи претставници“ на ОВК.
Организацијата „Демократија плус“, која ја надгледува работата на косовското Собрание, предупреди дека одлуката претставува директно мешање во правосудството.
Апелацискиот суд во Приштина во понеделникот ја потврди пресудата на обвинетите за воени злосторства во случајот „Дреница 2“, а единствено на Сулејман Селани му беше намалена казната.
Во обвинтите во предметот „Дреница 2“ се товарат дека во август и септември 1998 година злоставувани цивили во притворен центар на ОВК.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
