Вељаноски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до верниците и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија г.г Стефан.
- Празнувањето на Успение на Пресвета Богородица е паметник за мајката Божја, која го донесе на свет синот Божји. Нејзината посветеност кон Бога и љубовта кон луѓето ни говорат за нејзината големина и улога во христијанството. Во Македонија мајката божја е цврсто всадена како закрилник на мајките и жените и продолжува да е извор на безусловна љубов кои тие ја даваат кон своите деца. Како христијани да бидеме хумани и да споделуваме радост, да ги почитуваме највисоките морални вредности и да сме посветени на семејството, стои во честитката.
Во оваа пригода, се истакнува, мора да сме сплотени во нашите цели за промовирање на православните христијански вредности.
- Само обединети можеме успешно да работиме за подобра иднина на секој граѓанин, како и за нашата држава Република Македонија. Вам, како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам празникот да го поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом, се посочува во честитката.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
