Цените на бензините и дизелот остануваат исти
Малопродажните цени на бензините и на дизел горивата ќе останат непроменети и во наредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 65,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 50,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 ден/лит.
За 0,513 денари поскапува само мазутот М-1 НС, и килограм ќе чини 24,591 денари.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 49,763 $/барел и е за 0,21% пониска од просечната цена на сурова нафта (49,867$/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 55,900 ден/$ и е за 0,852% повисок од курсот на доларот (55,4275 ден/$) по кој беа формирани цените.гв/са/12:28
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица