Балкан
31. October 2016 - 22:03

Вечерва убиен навивач на Црвена Ѕвезда по меч од АБА лигата

Убиен навивач на Црвена Ѕвезда во Бар, Црна Гора. Како што јавува РТС, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу Морнар и Црвена Ѕвезда убиен е Иван Лабан од Мурин.

До пукањето дошло кога непознато лице, 10 минути по завршувањето на натпреварот отворило оган пред салата и го убило Лабан.

Ова е втор навивач на Црвена Ѕвезда кој е убиен за кратко време на кошаркарски натпревар.

Претходно, во Турција беше убиен уште еден навивач на црвено – белите од Белград по дуелот со Галатасарај во Истанбул.