Во штипските Градски гробишта се градат пристапни патишта и паркинг
Во Градски гробишта во Штип почна изградбата на пристапни патишта. Раководителот за Инспекциски надзор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека на барање на граѓаните од денеска се градат патишта и паркинг простор.
- По барање на граѓаните и на ЈП „Исар“ Општина Штип распиша тендерска постапка за асфалтирање на пристапни патишта до новите гробни парцели. Овде ќе се асфалтираат вкупно 3.500 м/2 асфалтни улици и паркинг плац. Вкупната вредност на инвестиција е 2.400.000 денари, рече Ѓорѓиев.
Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека од денеска стратуваат градежните работи, а фирма изведувач е „Коле транс инжињерин“. Очекува во најкраток временски период да се реализира и овој проект, а исто така и да се изгради и паркинг просторот околу Градската капела.
Ново на Сител
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона