Загрепчанка со автостоп стигна до Бора Бора

Ана Бакран стигна од Загреб до Бора Бора користејќи единствено автостоп. Таа појде на пат кон средината на април 2013 година, а три ипол години подоцна конечно пристигна на своето одредиште.
- Ќе те силуваат, ќе те убијат, ти не знаеш што правиш, невозможно е таму да се стигне со автостоп, слушала по целиот пат, но не дозволи таквите коментари да и го сменат мислењето.
Таа помина 70.000 километри и посети 25 различни земји.
- Јас се трудев да не го прекршам помалку-повеќе единственото правило и да не платам превоз на својот пад до Бора Бора, но имаше и ситуации кога морав да платам. Пограничната полиција во Туркменистан и Кина не сакаше да ме пушти со автостоп или да одам меѓу два премина на границата, туку ме присилија да платам минибус ако сакам да влезам во државата, рече таа.
Првата година таа патувала со уште 18 автостопери, кои ги запознала на патувањето, а втората и третата година одлучила да продолжи сама.
За патувањето таа штедеше. „Самото патувањето не чинеше многу, затоа што патував исклучиво со автостоп, а спиев во вреќа за спиење на плажи, паркови, бензински пумпи... Одморав и кај локалните семејства кои ме покануваа кај нив, а понекогаш и во хотели. Моите финансиски трошоци беа сведени само на храна, хигиенски материјали, осигурување и понекогаш на хотели и визи“, рече таа.
Таа ги проба сите локални кујни, преку змии, морски ѕвезди, црви, шкорпии, па се до тарантули и готвени кучиња, за на Тајланд, по игра на случајот, стана веган.
И по три ипол години патување на Ана се уште не и е доста.
- Јас планирам ново патување. И тоа со мојата мала внука од девет години, која исто така се вика Ана. Кога заминував на пат таа се уште не одеше во училиште, а сега веќе е во четврто одделение. Своето семејство не сум го видела три ипол години, но цело време ми беа неверојатна морална поддршка. На мојата мала внука Ана и ветив дека веднаш по новата година ќе ја однесам на „патување-изненадување“, но не сакам да и ги откријам дестинациите се до заминувањето со авион, откри таа.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
