Црногорската полиција извршила претрес во кабинетот на министерот за внатрешни работи

Црногорската полиција денеска изврши претрес во Кабинетот на министерот за внатрешни работи на Црна Гора во заминување, Горан Даниловиќ, кој во преодната Влада доаѓа од редовите на опозицијата, при што е одземено големо количество на документи кои се предадени на Специјалното обвинитество, јави Танјуг.
Повикувајќи се на свои извори, подгоричнкиот весник „Дневни лист“, објави дека во претресот на кабинетот на Даниловиќ учествувале припадници на специјалното полициско одделение и форензичари, по налог на Специјалното обвинителство.
Претресот бил извршен вчера, а полицајците и форензичарите се фокусирале на документацијата поврзана со личните документи на граѓаните.
Претресот, според сознанијата на „Дневни лист“ е извршен во рамки на истрагата на Јавното обвинителство, врз основа на кривичната пријава на владејачката Демократската партија на социјалистите (ДПС) од 14 октомври годинава.
ДПС неколку денови пред октомвриските парламентарни избори поднесе кривична пријава против Даниловиќ, кој е функционер на опозициската коалција Клуч, поради „неовластено присвојување на лични документи на граѓаните“.
Владејачката ДПС тврди дека поседува докази кои укажуваат на тоа дека Даниловиќ извршил низа кривични дела во врска со заштитена документација.
Ново на Сител
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
