Свет
29. November 2016 - 8:36

Том Прајс најверојатно ќе биде новиот американски министер за здравство

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го избра републиканскиот конгресмен во Претставничкиот дом од државата Џорџија, Томас Прајс за иден министер за здравство и хуманитарни прашања, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори блиски до Трамп.

Прајс е меѓу главните критичари на законот за здравство на се уште актуелниот претседател Барак Обама, кој стана познат под името „Обамакеар“. Трамп изјави дека ќе го смени тој закон.

Советникот на новоизбраниот американски претседател, Њут Гингрич изрази поддршка на Твитер за кадровското именување, нарекувајќи го Прајс „вистинскиот лидер, со чија помош ќе биде сменет Обамакеар“.