Почнува истрагата за уривањето на авионот во Колумбија

Бразилските и колумбиските власти денеска започнуваат истрага за уривањето на боливискиот авион во централниот дел на Колумбија, а пронајдените „црни кутии“ би можеле да дадат одговор дали несреќата се случила поради технички проблеми или леталото останало без гориво.
Истражувачи од Бразил ќе им се придружат на колумбиските колеги, со кои ќе ја испитаат содржината од „црните кутии“, а во тоа ќе им помогнат и британски експерти.
Си-Ен-Ен констатира дека фактот што на остатоците нема траги од оган, упатува на тоа дека моторите на авионот останале без довод на гориво, поради што престанале да работат, но не може да се исклучи и можноста за грешка на екипажот.
При падот на авионот, со кој патуваљ и фудбалери на бразилскиот клуб „Шапекоенсе“, загинаа 71 лице, а шестмина преживеаја, меѓу кои тројца фудбалери, еден новинар и двајца членови на екипажот. На голманот Џексон Фолман му е ампутирана десната нога.
Илјадници навивачи облечени во зелено и бело се собраа синоќа на стадионот на „Шапекоенсе“ во јужниот дел на Бразил. Тие ја пееја химната на клубот и ги извикуваа поединечно имињата на играчите кои загинаа во авионската несреќа.
Колумбиски официјални претставници синоќа соопштија дека 71 лице загинале при уривањето на авионот, со што бројот на жртвите е намален, бидејќи четири лица воопшто не влегле во леталото.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
