Во Делчево и Каменица се садат јавор, чемпрес и багрем

На Граничниот премин Делчево, македонските и бугарските царински службеници традиционално се вклучија во акцијата Ден на дрвото. Годинава покрај преминот тие засадија 20 садници од видот чемпрес и јавор.
Според Милчо Станојковски, инспектор во Регионалниот центар за граничен реон Исток истакна дека оваа акција е симбол на соработката на граничните служби од Македонија и Бугарија.
Во Делчево денеска се садеше покрај кејот на Брегалница во близина на спортските терени. Јордан Димитровски, директор на ЈПШС, ПЕ „Голак“ истакна дека на површина од околу 1 хектар ќе бидат засадени 2.000 садници од чемпрес и јавор.
- Акцијата е поддржана масовно и веќе сме при крај со засадувањето на садниците. Засадени се двегодишни садници од чемпрес и тригодишни садници од јавор. Поради неповолните временски услови на локалитетот Омар во селото Драмче кај Делчево, денеска нема да засадуваме, туку тоа ќе го направиме наредниве денови. Овде е планирано да се засадат 10 илјади садници багрем и бор на површина од 3,5 хектари, рече Димитровски.
Во Македонска Каменица денеска се садат 7 илјади садници во месноста Кузминец, кај селото Дулица на површина од 3 хектари, додека во урбаниот дел на Македонска Каменица се засадија 2.000 садници од јавор, чемпрес и багрем.
Ново на Сител
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
