Фолк ѕвездата го прошета синот: Сека на шопинг со малиот Јаков

Минатиот викенд српската турбо фолкерка го искористи, заедно со сопругот да го прошета својот син Јаков по Кнез Михајлова и таа прилика ја искористи за шопинг.

Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко ја искористија вечерта за семејно да уживаат во прошетка. Сека ја туркаше количката со бебето, а минувачите беа прилично изненадени кога ја видоа фолкерката во центарот на градот. Како секој нормален свет таа влегуваше во дуќаните и пазареше, а застануваше и за да се фотографира со минувачите.

Иако надвор беше студено, Сека својот син го смести во количка и го завитка во топло ќебе, а кога завршика со прошетката седнаа во едно од белградските кафулиња малку да одморат. Сека и Вељко се грееја со топло кафе, додека малечкото беше мирно во количката.
Гордата мајка си играше со наследникот, што се гледа и од фотографиите на папараците. Сека и Вељко таа вечер беа во друштво и на нивен близок пријател.
Posle prijatne večeri u centru Beograda, srećna porodica se automobilom odvezla u svoj dom u Staroj Pazovi.

Инаку Сека неодамна раскажа за „Ало“ дека малиот Јаков личи на таткото Вељко и дека засега нема ништо нејзино. Бидејќи и таа и сопругот се занимаваат со спорт, би сакала по тој пат да тргне и нивниот син.
-Би сакала секако. Тато би сакал тоа да биде борење, а јас повеќе сакам бокс, а тој веројатно ќе си избере нешто трето. Тоа е навистина индивидуална работа и многу се разликува од она што сакаат родителите, до она што детето на крајот ќе стане, рече Сека.

-Кој прв ќе го слушне. Во принцип, скокаме двајцата во исто време, главно поради тоа што слабо спиеме. Тој главно се буди на три-четири часа. Секако дека јас како мајка сакам да бидам по присутна, што е природно, но и таткото помага. Имаме прекрасен татко, вели Сека.

-Не брзам да се вратам на работа, би сакала да бидам со своето бебе што повеќе. Пред се сум мајка што нема дадилка. Сакам да бидам покрај моето дете. Можеби кога ќе ми здосади неспиењето, ќе одлучам да имам дадилка, вели фолк ѕвездата.
Ново на Сител
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-

Нетанјаху на суд негираше дека има здравствени проблеми
-

200 метри кубни отпад собран во „Генералка викенд“ во Скопје
