-->
-->
ЛШ: Турците го „освојуваат“ Киев?!
-->

Во вторник и среда ќе бидат познати имињата на четирите екипи кои ќе играат во осминафиналето во Лигата на шампионите. Најнеизвесно е во Б групата каде три тима: Бенфика, Наполи и Бешикташ конкурираат за првите две позиции на табелата, а неизвесно е и второто место во Групите Г и Х.
Бенфика, во Б групата, ќе го пречека тимот на Наполи и со победа ќе го обезбеди првото место на табелата, истото важи и за Наполи. Двата тима можат и со нерешен резултат да се пласираат во осминафиналето, но за ова сценарио да се оствари потребно е Бешикташ да не победи во Киев, каде му гостува на отпишаниот Динамо.
Инаку, во случај Бешикташ да победи, а мечот во Лисабон заврши без победник, тогаш турскиот шампион ќе биде прв во групата, а второто место, поради подобриот меѓусебен скор, ќе му припадне на Наполи.
ПСЖ и Арсенал имаат ист број на бодови, францускиот првак има подобар меѓусебен скор и во последното коло ќе биде решено кој ќе ја освои А групата. ПСЖ е поблиску до првото место бидејќи ќе го пречека Лудогорец, додека Арсенал ќе му гостува на Базел, кој брка пласман во Лига Европа и не смее да загуби.
Базел со бод или победа ќе ја обезбеди третата позиција, а во случај на пораз и под претпоставка и Лудогорец да загуби, тогаш бугарскиот шампион ќе биде трет на табелата.
Во Ц групата се е познато Барселона и Манчестер Сити ќе играат во нокаут фазата, а Борусија Менхенгладбах во Лига Европа.
Патниците во осминафиналето се познати и во Д групата, Атлетико е прв, Баерн Минхен втор, така што нивниот меѓусебен дуел во Минхен ќе биде само за престиж. Во вториот меч ПСВ ќе мора да го совлада Ростов доколку сака да ја освои третата позиција.
Група А:
Базел-Арсенал
ПСЖ-Лудогорец
Табела: ПСЖ 11, Арсенал 11, Лудогорец 2, Базел 2
Група Б:
Бенфика-Наполи
Динамо Киев-Бешикташ
Табела: Бенфика 8, Наполи 8, Беикташ 7, Динамо 2
Група Ц:
Барселона-Борусија Менхенгладбах
Манчестер Сити-Селтик
Табела: Барселона 12, Сити 8, Борусија 5, Селтик 2
Група Д:
Баерн Минхен-Атлетико Мадрид
ПСВ-Ростов
Табела: Атлетико 15, Баерн 9, Ростов 4, ПСВ 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакција на Филозофскиот факултет и деканот Бакрески на изјавите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски
-

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
-

Лапароскопски гинеколошки операции за прв пат во болницата во Кавадарци
-

Премиерот Мицкоски денеска бил меѓу Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа
-

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
