Почнува да се гради Конска брана кај Гевгелија
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска заедно со градоначалникот Иван Франгов, го посетија местото во близина на селото Конско, каде ќе се гради Конска брана, инвестиција вредна 40 милиони евра.
Турскиот изведувач на работите, компанијата Адалихолдинг, една од најголемите компании во Турција со 50 годишно искуство во конструкција и градба на енергетски објект, избрана на меѓународен тендер, за некој ден ќе биде воведена во почетокот на работите за изградба на оваа брана.
Костадиновски при тоа изјави дека браната Конско, која ќе биде мултинаменска, ќе служи за водоснабдување, наводнување, дотур на вода по природен пад до Дојранското езеро, како и развој на локалната туристичка понуда. Тоа е една од трите брани кои во наредниот период ќе почнат да се градат во Република Македонија и чие завршување се очекува во 2021 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија истакна дека изградбата на браната била, како што рече, дамнешна желба и барање на граѓаните на општината од далечната 1978 година.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци