Македонија
8. December 2016 - 9:14

Димовски: Во Кочани ќе се градат капитални објекти

Носителот на листа во Изборната единица 3 од коалицијата За подобра Македонија Илија Димовски синоќа на прес-конференција во Кочани ги посочи проектите кои се градат во Источниот дел од државата од кои бенефит ке имаат и граѓаните на Кочани.
 
- Во овој град е  изградена атмосферската канализација во должина од 5,5 километри, изграден е на колекторскиот систем, а ќе се гради пречистителна станица. Ја изградивме спортската сала во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, клонот на детска градинка во Оризари, систем за улично осветлување, рестартиран е и кочански Руен, истакна Димовски.
 
Од проектите кои се од собено значење за жителите на Кочани и регионот, а кои ќе се градат во наредните четири години, Димовски ги најави изградбата на експресниот пат Штип - Кочани, како и рехабилитацијата на патните правци Винички Превалец-Македонска Каменица-Делчево, Македонска Каменица-Крива Паланка, Виница- Бигла-Делчево, како и реконструкцијата на патниот правец кон Берово со целосна замена на асвалтот.
 
Изградбата на хидросистемот Оризарска река  со акумулацијата Речани кој чини 27,3 милиони евра, исатакна Димовски, е од особено значење за овој дел на истоична Македонија. Ќе обезбеди водоснабдување на над 100 илјди жители од Кочани, Виница, Зрновци и Чешиновои Облешево, а ќе овозможи и наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.
 
Димовски  ја најави и изградбата на гасовниот систем од Штип кон Кочани, Виница и Разловци-Беровско, а најави и доаѓање на уште енколку старнски инвестиции во Кочани.