-->
-->
Хан и Могерини честитаа на мирните избори во Македонија и очекуваат брзо формирање влада и активна опозиција
-->

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, доцна вечерва излегоа со позитивна оценка на мирните парламентарни избори во Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Двајцата високи европски претставници исто така побараа победниците на изборите брзо да формираат влада, а губитникот да биде активна опозиција.
- Неделните предвремени парламентарни избори во БЈР Македонија минаа на мирен и уреден начин, со добар одѕив на гласачите. Тие беа следени од мисијата на ОБСЕ / ОДИХР за набљудување на изборите, кој објави своја прелиминарна изјава попладнево. Овие вонредни парламентарни избори беа клучен елемент на договорот од Пржино од 2015 година. Тие и нудат на земјата клучна можност за обнова на демократски, конструктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничка цел на евро-атланските интеграции, порачаа Могерини и Хан во нивната реакција преку соопштение.
Високата претставничка на Унијата и еврокомесарот исто така побараа политичките партии во Македонија „да дејствуваат на еден инклузивен начин, што вклучува активна парламентарна опозиција и динамично граѓанско општество“.
- Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување реформи за решавање на системското владеење на правото, а исто така и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со спроведување на претходните политички договори во целост, вклучувајќи поддршка на работата на канцеларијата на специјалното обвинителство, додаваат Могерини и Хан.
На крајот во нивното соопштение за македонските избори, европската лидерска двојка за Балканот порача и дека „Европската унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во процесот на реформи и на нејзиниот пат кон европската интеграција“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
