Републиканците прифаќаат истрага за хакирањето на изборите во САД

Претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Когрес, Пол Рајан и лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел изјавија дека подржуваат истрага за да се утврди дали руски хакери биле вмешани во американските избори.
На својата страница на Твитер, Рајан онјави дека „какво било странско мешање во изборите во САД е неприфатливо“.
Сенаторот Меконел го подржа ставот на Рајан, додавајќи дека „треба да се испита што се случувало“.
- Повредувањето на американската кибер безбедност е загриижувачко и јас осудувам какво било таков обид, изјави Меконел, додавајќи дека „Русите не се наши (американски) пријатели“.
Пол Рајан, кој важи за еден од водечките републикански политичари, смета дека истрагата е неопходна за да се расчистат работите, но тој забележува дека американските разузнавачки агенции не би смеело да се користат за „партиски потреби“.
Ваквата реакција на Рајан доаѓа по обвинувањето што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го упати за сметка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), по нејзиното тврдење дека „целта на Русија со хакирањето, била да му се помогне на Трамп на изборите“.
Во својата изјава на Твитер, Трамп го оцени соопштението на ЦИА како „политички мотивирано“, иако во октомври и Федералното истражно биро (ФБИ) објави дека верува оти зад хакерскиот упад во американската Демократска партија стои Русија.
Трамп и неговиот тим за транзиција ги отфрлаат ваквите наоди како „бесмислени“, но освен демократите и се поголем број републиканци сметаат дека станува збор за загрижувачки настани кои мора да бидат детално истражени.
Група сенатори од двете партии, претходно се огласија со заедничко соопштение во кое велат дека „руското мешање во изборите во САД, претставува алармантна ситуација за секој Американец“.
Сенаторите Чак Шумер, кој е новиот лидер на демократското малцинство, републиканците Џон Меккејн и Линзи Греам, како и демократот Хари Рид, кој е член на сенатскиот Комитет за вооружените сили, заеднички побараа да се испитаат наодите на разузнавањето дека руски хакери помагале Трамп да ја победи Хилари Клинтон.
Хакерскиот упад во штабот на Демокртската партија во текот на изборната кампања и податоците што од таму се најдоа на Викиликс, им наштетија на демократите и на нивниот кандидат Клинтон, предизвикувајќи темелно протресување на изборната кампања.
Доналд Трамп победи уверливо во електорското гласање, добивајќи 306 електорски гласови (за победа се потребни 270), но Клинтон освои 2,8 милиони гласови повеќе од новоизбраниот претседател.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
