Аврамопулос: Балканот е дел од европското семејство
Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос изрази надеж дека Балканот во блиска иднина и институционално ќе биде дел од европското семејство и најави дека Европол наскоро ќе испрати офицери за врски во регионот на Западен Балкан.
Во авторски текст во Блиц, Аврамопулос оцени дека соработката е еден од клучните елементи на новата Европска гранична и крајбрежна стража и тоа е соработка која не се ограничува само на ЕУ туку се фокусира на Европа.
– Било да е под притисок Макеоднија, БиХ, Албанија или Црна Гора, Европската гранична и крајбрежна стража сега ќе може да понуди дополнителна поддршка за прашањето со управување на границите. И тоа е причина што Европол наскоро ќе испрати офицери за врска во Западен Балкан за да се зајакне соработката и разменат информации за шверц на мигранти, истраги и активности во борбата против териризмот, наведува тој.
Причина е и желбата да се унапреди соработката во врска со спречување нелегална трговија со оружје во регионот.
– Западен Балкан е Европа. Заеднички ни се минатото и сегашноста, а заедничка ни е и иднината. Затоа е толку важно да се обзбедат и чуваат патувањата во ЕУ без визи за целиот западнобалкански регион, нагласи Аврамопулос. Тој додава дека регионот мора да гледа во иднината.
– Патото може да биде само европски, пат кој води во напредок, просперитет, стабилност и мир. Тоа е вистинска желба и визина на сите народи во тој дел од Европа, нагласува Аврамопулос.
Ново на Сител
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија