Голем интерес во Штип за „Купи куќа, купи стан“

Голем број штипјани синоќа ја посетија презентацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“ што го реализира Министерството за финансии, а со кој на граѓаните им се нудат можностите под поволни услови да го решат станбеното прашање.
Од Министерството за финансии се задоволни од посетеноста на Караванот, кој од овој месец повторно тргна по градовите со цел да го доближи проектот до сите граѓани.
Во рамки на презентацијата, освен претставници од Министерството за финансии, пред граѓаните свои презентации одржаа и претставници од две градежни компании кои имаат понуда на станови во Прилеп. Дел од караванот се и банките кои ги информираат граѓаните за сите детали кои ги интересираат.
Караванот продолжува секоја наредна среда во друг град низ Македонија. Планирано е да ги посети Велес, Куманово, Тетово и Струмица, а поради голем интерес од страна на граѓаните на агендата се најдоа повторно и Охрид и Прилеп.
Според информациите од Министерството за финансии, досега над 630 семејства во Македонија го решиле станбеното прашање со овој проект, а заинтересираност имало во сите градови.
Проектот „Купи куќа, купи стан нуди неколку модели за купување на стан. Првиот модел е „половина рата“ каде што државата плаќа половина средства за ратата во првите пет години и вториот модел е „пола учество“ за кое државата плаќа 50% од учеството за купување стан. Доколку граѓанинот се одлучи за изградба или купување на куќа, тогаш државата плаќа 75% од ратата за првите пет години или дава 75% од учеството.
Граѓаните, кои сакаат да аплицираат за субвенциониран кредит, треба да ги исполнуваат следните услови: Вкупните месечни приходи на поединецот да бидат најмногу до 900 евра месечно или на брачните партнери најмногу до 1300 евра месечно; да немаат недвижен имот во нивна сопственост и да немаат подигнато друг станбен кредит.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
