Шефот на „Боинг“ му ветил на Трамп дека претседателскиот авион „Ер Форс 1“ ќе биде под четири милијарди долари

Првиот човек на компанијата „Боинг“ му вети на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека новиот претседателски авион „Ер форс 1“ ќе биде изграден за помалку од четири милијарди долари.
Двајцата вчера разговараа за ова прашање, откако Трамп минатата недела изјави дека ќе ја повлече нарачката заради нејзината зголемена цена, пренесе ДПА.
-Ќе го изградиме за помалку од четири милијарди долари, изјави извршниот директор на „Боинг“, Денис Муленберг.
Тој, исто така, пред новинарите по средбата , изјави дека компанијата „Боинг“ за своја главна цела си ја постави задачата да дава што е можно поквалитетна услуга, при што ќе ја гарантира сигурноста на претседателот, националната безбедност, и целата нарачка ќе биде изведена по поднослива цена.
По разговорот, во кој учестувал и извршниот директор на компанијата „Локид Мартин“, самиот Трамп изјави дека станува збор за намалување на цените, на кои американската држава ги добива своите авиони, вклучително и „Ер Форс 1“ и ловците „Ф-35“, пренесоа британските медиуми.
-Се обидуваме да ги намалиме цените. Особено на „Ф-35“. Тоа е програма, која е исклучително скапа, рече Трамп пред новинарите по средбата, на која освен директорите присуствуваа и неговите воени сиветници.
Ново на Сител
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
