Бронза за Македонија на Балканската Олимпијада по информатика

На 23-тата Балканска Олимпијада по информатика (БОИ 2015), која од 28-ми јуни до 3-ти јули се одржа во Русе, Бугарија, македонските средношколци освоија бронзен медал.
Македонскиот тим на овој престижен натпревар во програмирање, беѓе составен од учениците Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски и Михаил Денковски, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.
На БОИ 2015 учествуваат вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои 16-годишниот Михаил Денковски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.
Македонскиот тим беше избран во целогодишен циклус натпревари, кој оваа година беше организиран со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Нордеус и Семос Едукација.
Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи. Д-р Миле Јованов, кој од годинава е претседател на Балканската олимпијада со мандат од три години, во својот говор на официјалната церемонија на затворање на настанот меѓу другото изрази задоволство што сите земји членки на балканската иницијатива присуствуваа на овој настан и потсети на значајноста на континуираната работа за да се достигне до посакуваните резултати.
Балканската иницијатива за олимпијадите по информатика е една од ретките во која Македонија членува под уставното име.
Следната, 24-та по ред, Балканска Олимпијада по информатика (БОИ 2016), ќе се одржи идната година во Никозија, Кипар.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
