Обама: САД воведува остри санкции за Русија, меѓу што и протерување на 35 дипломати
САД денеска како одговор на наводното мешање на Русија во американските претседателски избори воведоа остри санкции за Москва кои вклучуваат протерување на 35 руски дипломати и затворање на два објекти.
- Наредив преземање на повеќе акции како одговор на агресивното застрашување на руската Влада кон американските претставници и сајбер операциите чија мета беа американските избори, истакна американскиот претседател во заминување Барак Обама.
- Овие акции уследија по повторените приватни и јавни предупредувања што ги упативме кон руската Влада и претставуваат неопходен и адекватен одговор на настојувањето да се нанесе штета на американските интереси со кршење на основните меѓународни норми за однесување, нагласи Обама.
Меѓу најавените мерки се санкции за руските разузнавачки агенции ФСБ и ГРУ, како и за 35 руски оперативци кои се прогласени за „персона нон грата“, како и затворање на два руски објекти во Њујорк и Мериленд за кои САД тврдат дека се користат за „разузнавачки цели“.
Анонимен американски претставник наведе дека на руските дипломати им се дадени 72 часови да ги напуштат САД.
- Пристапот до објектите ќе им биде забранет на сите руски претставници од утре попладне, додаде претставникот.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта