Подароци од струшките пожарникари за децата од „Порака нова“

Корисниците на Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост „Порака нова“ денеска добија новогодишни пакетчиња од Струшките пожарникари, а ги посети и Дедо Мраз.
Вработените во Територијалната противпожарна единица - Струга, според пожарникарот Бесим Кадриу, сакаа да дадат мал придонес и да ја покажат хуманоста на дело, да ги израдуваат дечињата со посебни потреби во „Порака нова“.
- Струшките пожарникари сакаа хуманоста да ја покажат и со свој придонес да ги израдуваме децата со посебни потреби со пакетчиња и табли за цртање. Неколку пати имаме организирано хуманитарни акции, а овој пат одлучивме средствата да ги намениме за дечињата во „Порака нова“, истакна Кадриу.
Корисниците на Дневниот центар, според секретарот Анита Гагоска – Шутиноска, никогаш не биле заборавени од заедницата, а особено не за новогодишните празници.
- Освен што добија подароци од пожарникарите, децата се запознаа и со нивната работа. И годинава имавме многу донации од граѓани и хуманитарни органзиации за децата со посебни потреби, информира Гагоска - Шутиноска.
Условите во Дневниот центар, според неа, се задоволувачки за потребите и секојдневните активности, а единствен проблем со кој се соочуваат е немањето доволно средства за вработување кадар, па потребите ги покриваат волонтери. Во Струшкиот дневен центар претстојуваат 13 дечиња, а го посетуваат уште девет кои се ученици во посебни паралелки во училиштата.
По посетата на „Порака нова“, Дедо Мраз направи обиколка низ струшките улици со делење бонбони за најмладите. На сите им посака добро здравје и успеси, 2016 да ја паметат само по добрите нешта, лошите да ги остават зад себе, а 2017 година да ни донесе уште подобри моменти.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
