Груевски: Бесплатно ин витро и за трето и четврто дете
Во Владата веќе сме во длабоки анализи и мислам дека набргу ќе излеземе со нов предлог, а тоа е да им се помогне и на оние коишто сакаат да одат со ин витро на трето или четврто дете, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Како што знаете, досега беше дозволено поддршка на оние што сакаат второ и трето дете со ин витро. Сега Владата прави поддршка и за трето и четврто дете, се прават анализи да се ослободат од партиципација за сите, и за прво, второ, трето, четврто, таа партиципација изнесува 6.000 денари. Тоа е 20 отсто од вкупниот износ. На наредната владина седница треба да го дискутираме и да донесеме одлука по ова прашање. Но, мислам дека не постојат пречки. Досега инвестиравме околу 1,5 милион евра годишно за ин витро прво и второ дете, изјави Груевски орговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Младо Нагоричане.
Тој смета дека, според разговорите што ги имал со ФЗОМ и со министерот за здравство, постојат услови Владата да донесе одлука да се прошири опфатот и за трето и за четврто дете со ин витро и сите да се ослободат од партиципација.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа - Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден