Објавена книгата „Македонија – живот и предели“ од група германски автори

Книгата „Македонија – живот и предели“ од група германски автори ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.
Книгата е во превод од германски јазик на Слободанка Поповска, а со предговор за германската македонистика пред, за време и по Првата светска војна на проф. д-р Волф Ошлис.
Оваа книга содржи текстови за Македонија од германски автори кои неа ја истражувале за време на Првата светска војна или по разни поводи потоа пишувале за Македонија. Трудовите се однесуваат на Македонија и на нејзиното население, обичаите, етнографијата, земјата, историјата... Во овој зборник, меѓу другото, делумно е објавена „Етнографија на Македонија“ (1924) на Густав Вајганд (1860-1930, раководител на Македонската земска комисија) и дел од зборникот „Македонија – животот и сликата на пределот“, подготвен од Херберт Ертел, а од кој, освен негов текст, преземени се текстови на Герхард Геземан, Јозеф Берге, Јозеф Мерц, Алојз Шмаус и Ханс Ерке.
Во книгата се објавени и 137 фотографии од германски војници или истражувачи, снимени во Македонија за време на Правата светска војна и во периодот меѓу двете светски војни.
Како резултат на германските проучувања на Македонија во минатото, а првенствено во периодот на Првата светска војна, кога со логистичка поддршка на германската војска на територијата на Македонија истражувала групата германски научници позната како „Македонска земска комисија“, по војната во Германија се објавени неколку публикации посветени на Македонија.
Ново на Сител
-

Поплавени земјоделски површини и куќи, се уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение
-

Две лица организирале проституција во помошен објект од ќука во Тетово
-

Запален луксузниот „Брабус“ на Бака Прасе вреден 500.000 евра | ФОТО
-

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални
-

МОН почнува со посета на универзитетите во рамки на јавната дебата за Законот за високо образование
-

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг и седница на земјоделската комисија
-

Украинска делегација отпатува за Швајцарија за разговори со Русија и САД
-

Рубио ќе се сретне со Орбан на разговори за енергетика
