Македонија
12. January 2017 - 13:08

Во пожар во тетовско Бозовце изгореа четири објекти и добиток

Во голем пожар што избувнал ноќеска, околу 3 часот по полноќ во тетовското село Бозовце, изгореа три плевни, дел од куќа, три крави и три коњи.

Противпожарна екипа од Тетовo успеалa да го локализира пожарот, спречувајќи проширување на другите објекти. 

- Ни јавија за пожарот и со специјални џипови стигнавме за 40 минути. Патот беше прооден. Интервениравме повеќе со ПП апарати, затоа што горе е над - 20 степени и водата замрзнува. Успеавме да го локализираме пожарот, изјави Ука Алити командир на ТППЕ Тетово.

Командирот Алити, апелира граѓаните да внимваат какви и како ги користат грејните тела во овој период од годината. Можеби нивно неправилно користење доведува до пожари, додава тој . 

Вчера поради неисчистен оџак изгоре покривна конструкција и прв кат од куќа во село Ростуше.