Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно во ноември 2016 година се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 0,2 отсто на годишно ниво. Во споредба со претходниот месец се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1 отсто, а се пониски во секторите Преработувачка индустрија за 0,1 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 6,1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, пак, се повисоки за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 0,4 отсто на годишно ниво.
Во споредба со октомври 2016, се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 1,7 проценти и Преработувачка индустрија за 0,4 отсто.
Во однос со ноември 2015, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
