Две лица загинаа при уривање на зградата во Истанбул (ДПЛ)
Две лица денеска загинаа, а петмина други се повредени при уривање на напуштена станбена зграда во кваратот Зејтинбурн, во европскиот дел на Истанбул, јавија француските медиуми.
Во инцидентот една од жртвите е шестгодишно дете, додека неговиот брат близнак е повреден. Во моментот на уривања, жртвите минувале во близина на зградата.
Снимки што се емитувани на телевизиите, покажуваат спасувачки екипи, кои ги пребаруваат урнатините од зградата.
- Ќе треба да извлечеме поука од уривањето на оваа зграда, изјави градоначалникот на квартот Зејтинбурн Мурат Ајдин, цитиран од телевизијата НТВ.
„Ни се уриваат повеќето од станбените згради, изградени пред 2000 година“, изјави тој.
Зградата била изградена во 1992 година и во 2015 година нејзините станари биле евакуирани, посочи НТВ, без да ја прецизира причината за евакуацијата.
Локалните власти соопштија дека соседните згради биле евакуирани по инциденторт.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар