Најстудено во Берово, најмногу снег во Лазарополе
Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени -12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Дест степени под нулата се измерени во Маврово и Лазарополе, -8 во Струмица, -7 во Скопје (мерна станица Петровец) и Крива Паланка, -6 во Тетово, Тополчани и Крушево, -5 во Пожаране и Куманово, -4 во Скопје, Штип и Ѓуриште, -3 во Виница и Претор, -2 во Битола, Охрид и Демир Капија, 0 степени во Гевгелија и 1 степен во Дојран.
Највисока снежна покривка од 66 сантиметри утрово е измерена во Лазарополе, 54 см во Маврово, 31 во Пожаране, 22 во Ѓуриште, 18 во Крушево, Берово и Дебар, 16 сантиметри во Тетово, 11 во Крива Паланка и Струмица, 9 во Битола и Тополчани, 7 во Куманово, 4 во Виница, 3 во Скопје и 1 сантиметар во Претор, Демир Капија, Охрид и Дојран.
Во моментов времето е облачно и студено, во поголем дел од земјата со врнежи од снег. Без врнежи е во североисточниот дел од земјата, информира УХМР.
Во текот на денов ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер. Максималната температура ќе се движи од -2 до 3 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен снег. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
УХМР наведува дека од денес подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и во интервал од -3 до 4 степени.
Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица